Секој кандидат е должен да се запознае со правилата и условите за учество наведени подолу. ( на местото на аудицијата кандидатите се должни да потпишат дека се запознаени со правилата за учество)
Во врска со Јавниот повик за учество во избор/аудиција на лица за учество во серијалот
„К-15“ (К-15 е регистриран заштитен знак на БВБ Продукција СКОПЈЕ), Управниот одбор на БВБ Продукција – Скопје ги донесе следните:
ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО
НА ЈАВЕН ИЗБОР/АУДИЦИЈА К-15 ТАЛЕНТИ
I.
Право на учество на аудицијата имаат сите Пријавени лица кои имаат наполнето 18 години.
Пријавувањето е исклучиво по пат на СМС.
II.
Сите учесници со пријавувањето на аудицијата и учеството во истата се согласни и изјавуваат дека:
III.
Лицата кои ќе бидат избрани од организаторот БВБ ПРОДУКЦИЈА СКОПЈЕ за учество во серијалот „К-15“ и други програмски содржини на организаторот ќе треба да потпишат авторски односно изведувачки договор со кој на организаторот ќе му ги пренесат истите права од членот 2 на Правилата за избор/аудиција, односнo исклучивите права во смисла на Законот за авторското право и сродните права.
И покрај нивниот избор, за оние лица кои нема да склучат Договор, организаторот нема никаква обврска за нивно понатамошно учество.
IV.
Организаторот БВБ ПРОДУКЦИЈА СКОПЈЕ нема обврска да избере ликови доколку ниеден не одговара на барањата и минималните стандарди кои еден лик треба да ги поседува и исполни за учество во серијалот „К-15“ односно други програмски содржини на организаторот.
V.
Организаторот БВБ ПРОДУКЦИЈА СКОПЈЕ нема да ги надоместува трошоците на учесниците направени во нивната подготовка и учество во изборот/аудицијата, по ниедна основа.
VI.
Доколку на местото на одржување на аудицијата и за времетраење на настапот на учесниците дојде до било каков вид на повреда, организаторот не презема никаква одговорност.
VII.
Организаторот БВБ ПРОДУКЦИЈА СКОПЈЕ е должен да ги почитува и запази моралните права на учесниците и во целост да го почитува нивниот морален и уметнички интегритет при користењето на правата од членот 2 и 3 на Правилата.
Скопје, _______.2009 година
Организатор: БВБ ПРОДУКЦИЈА СКОПЈЕ
__________________________________
м.п.
УЧЕСНИК
_____________________________
полно име и презиме, град и ЕМБГ
На денот на одржување на аудицијата кандидатите задолжително треба да носат документ за лична идентификација (лична карта или пасош)
Кандидатите треба да бидат на местото на одржување на аудиицте еден час пред официјалниот почеток
Кандидатите кои не успеале да се пријават во некој од градовите ќе можат со повторно праќање смс да се пријават за следните градови според распоредот.