После 15 години континуирано емитување на К-15 шоуто се појави потреба од освежување на програмата со нови талентирани ликови. Веќе подолг период се појавуваа барања за гостување на К-15 шоу на локално ниво, локални настани, како и барања за учество на фановите и гледачите директно во шоуто заедно со главните и популарни ликови.
К-15 шоуто во чест на својот јубилеен петнаесетти роденден организира голема аудиција за нови талентирани лица.
Преку овој проект, конечно сите оние кои низ годините имале желба да станат дел од шоуто покажувајќи ги своите таленти, ќе имаат можност да ја продолжат неговата традиција.
Најуспешните ќе бидат дел од новите епизоди на К-15 Шоуто заедно со Цацко, Миле и Тошо.