Сега и ти можеш да бидеш дел од шоуто К-15. Ако си талентиран, духовит, ако го разбираш светот како поле за културен натпревар меѓу талентите, дури и ако ништо не разбираш, а сметаш дека те бидува за нешто.
Пријави се, од кај знаеш што може да биде со тебе.
Најуспешните од Вас ќе бидат дел од новите епизоди од К-15 шоуто
заедно со Цацко,
Миле и Тошо.
Подготви си настап: монолог, скеч, рецитација, виц, смешка
или
имитација.
Пријави се во градот во кој најмногу ти одговара со испраќање
смс на бројот 14 15 12 со следнава содржина:
Градот во кој се пријавуваш (празно место) твоето име (празно место) твоето презиме (празно место) твојата година на раѓање.
Пример: Штип Марко Марковски 1985
РЕДОСЛЕД НА ГРАДОВИТЕ ЗА АУДИЦИИТЕ:
Аудицијата во Куманово е пренасочена за Скопје. Сите пријавени кандидати во Куманово ќе бидат дополнително контактирани.
Аудицијата во Тетово нема да се одржи. Пријавените кандидати ќе може да дојдат во Скопје на 03.05.09 или 04.05.09

* „К-15“ ги задржува правата да го смени датумот на одржување и навремено да ја објави промената.
Право на учество имаат сите кандидати над 18 години без разлика на полот, верата, расата и националноста.
Патот до славата е поплочен со аудиции, направи чекор, приклучи се и ти.
• цената на смс изнесува 50 ден + 18 % ддв • важи од сите мобилни оператори.